
Фудбалскиот второлигаш Гостивар даде одговор на обвинувањата на Воска за инцидентот кој се случи на трибините на дербито од петтото коло во Втората лига. Според Гостивар, инцидентот бил предизвикан од провокаторите на гостинската екипа.
Соопштението на Гостивар ви го пренесуваме во целост:
„1. Како фудбалска екипа, ние сме најчистата и најтранспарентна екипа која се бори само на теренот. Самите ги пренесуваме сопствените натпревари и на стадионот во изградба со десетици камери ги контролираме нашите трибини.
„2. НАШИТЕ ФАНОВИ НЕ СЕ ХУЛИГАНИ! Или продадени души! Додека ние треба да бидеме „ДОБАР ПРИМЕР“ за нашата убава фудбалска младина, провокаторите на нашите млади луѓе треба да се срамат самите од себе.
„3. Како Фудбалски клуб Гостивар, со нашите менаџери, техничкиот тим, фудбалерите, навивачите и жителите на Гостивар ние сме семејстсво. Работите меѓу нас само нас нè засегаат.
За време на натпреварот Гостивар – Воска на 17.09.2022 година се случија непожелни и немили настани на трибините, па дури и на теренот како последица на тоа. Жал ни е за непожелни настани.
Само ПРОВОКАТОРИТЕ ги посакуваа овие немили настани кои не би ги посакал ниту еден вистински фудбалски фан. Како фудбалски клуб Гостивар, свесни сме за нашите обврски на натпреварите на кои сме домаќини. Наша должност е да бидеме домаќини на гостинскиот тим на најдобар можен начин и да ја гарантираме нивната безбедност.
Провокаторите без да се претстават, без да имаат било какви барања од нас, а по нивна одлука тие седнаа среде стотици наши навивачи. Спрема сето ова до тука немаше никакви проблеми. Бидејќи сме тим со добра фудбалска култура и немаме култура на провокација, не можевме да ја забележиме оваа провокациска замка.
Натпреварот започна на пријателски начин. Сè додека не започнаа провокациите. Настаните кои започнаа со првата провокација без да ескалираат беа спречени од разумното однесување на обезбедувањето и гостиварските навивачи. Меѓутоа, злонамерните провокатори не го послушале обезбедувањето. Тие одбија да бидат преместени и да биде гарантирана нивната безбедност. Во текот на целиот натпревар како да се обидуваа да го тестираат трпението на сите наши навивачи, продолжија провокациите среде нашите навивачи со пцовки наоколу. Во фудбалот постојат и победа и пораз! На Воска во наредните натпревари им посакуваме само успех на нивните напори во фудбалскиот терен. Со исклучок на провокаторите. Воска ни е пријател.
Зголемувањето на конкуренцијата и квалитетот во лигата во која се наоѓаме нас не задоволува.
Сакаме фер-плеј за сите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан
