Манчестер Јунајтед ја победи Астон Вила и го стигна Ливерпул на врвот на табелата во Премиер – лигата. Еден од клучните играчи во триумфот беше Пол Погба кој се избори за пенал, а Бруно Фернандеш го реализираше за победа на „ѓаволите“.
Менаџерот Оле Гунар Солскјер е задоволен од изданието на целиот тим, но и од настапот на Погба за кој вели дека игра се подобро.
„Погба е сега добро подготвен и многу посилен, а така доаѓаат и изданија какво што имаше против Астон Вила. Среќни сме поради неговиот придонес. Важно е Пол да ја има топката во нозе, било да е ниско на теренот или високо меѓу двете линии до противничкиот гол. Неговата физичка присутност за нас е многу важна, Погба покажа дека е се подобар. Одушевен сум од неговиот настап“, изјави Оле Гунар Солскјер.
Во следното коло, Манчестер Јунајтед му гостува на Барнли.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













