
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, истакна дека тимот е целосно фокусиран на мечот со Аталанта и посакува триумф на утрешниот меч. „Црвените ѓаволи“ од 21 часот во Бергамо го играат натпреварот од четвртото коло од Лигата на шампионите. Потоа ги очекува градското дерби со Манчестер Сити во Премиер – лигата.
„Целиот фокус е на овој натпревар. А потоа ќе се посветиме на она што доаѓа – дербито на Манчестер. Знаеме дека ќе биде тешко, но подготвени сме. Ние сме во добра позиција во групата откако остваривме победи на домашен терен, но треба да дојдеме до посакуваниот резултат на гости“, изјави Оле Гунар Солскјер.
Норвежанецот беше цел на сериозни критики во последните неколку седмици, но, сепак, се уште е на клупата на Манчестер Јунајтед.
„Отсекогаш сум уживал во критиките. Тие ме прават посилен. Сите ние имаме различни работни места, нивна работа е да го дадат своето мислење. Не сакам да се карам со никого. Но, дефинитивно ги разбирам сите и сакам да се подобрам“, дополни менаџерот на Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година
