Манчестер Јунајтед ја започна новата сезона во Лигата на шампионите на лош начин, и беше поразен на гостувањето кај швајцарскиот шампион Јанг Бојс во Берн. Јанг Бојс славеше со 2-1, иако „ѓаволите“ поведоа преку Роналдо. Текот на натпреварот беше изменет со исклучување на Ван-Бисака, а швајцарскиот тим успеа да стигне до пресврт во 95. минута и славеше со 2-1.
Менаџерот Оле Гунар Солскјер зборуваше по натпреварот, коментирајќи за исклучувањето на Ван-Бисака и неговите замени. Ги повлече од игра Бруно Фернандеш и Кристијано Роналдо.
„Тешко е да се каже нешто против таа одлука на судијата. Арон беше премногу далеку кога започна, ја зеде топката, но продолжи да се движи и го удри противникот. Нема премногу аргументи против тоа“, изјави Солскјер.
Во второто полувреме тој ги уфрли во игра Немања Матиќ и Џеси Лингард, а го повлече португалскиот тандем Роналдо – Фернандеш.
„Натпреварот беше со максимален интензитет, беше веќе 70. минута, двајцата многу трчаа во саботата, но и на овој натпревар. Во тој момент сакавме да го имаме искуството на Немања Матиќ, да ја задржи топката и одмоерните на Џеси Лингард“, објасни Норвежанецот.
Манчестер Јунајтед ќе се сретне со тимот на Вилјареал во второто коло од Лигата на шампионите на 29 септември на „Олд Трафорд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal