Connect with us

Солскјер добива отказ, Конте ќе се седне на клупата на Јунајтед?

Норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер е на излезна врата од „Олд Трафорд“. По вчерашниот срамен пораз (0-5) од Ливерпул на домашен терен, кога најголем дел од домашните фанови го напуштија стадионот на полувремето и воопшто не го догледаа дербито, раководството на Манчестер Јунајтед сериозно размислува да му даде отказ на Солскјер.


Како што пренесува британски „Мирор“, веќе е контактиран италијанскиот стратег Антонио Конте. Наводно, клупата на „црвените ѓаволи“ веќе му е понудена на поранешниот тренер на Челси, Јувентус и на Интер.

Конте би можел да дебитира во Италија, на 2 ноември, кога Манчестер Јунајтед и гостува на Аталанта во четвртото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, открива „Мирор“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови