
Стефан Ристовски, поранешниот македонски репрезентативец, официјално ќе го напушти Динамо Загреб на крајот од сезоната. Оваа вест ја потврди неговиот долгогодишен соиграч Јосип Мишиќ со емотивна порака.
Договорот на Ристовски истекува ова лето, а тој нема да го продолжи ангажманот со хрватскиот шампион. За време на неговиот престој во Динамо, одигра 185 натпревари, постигна седум гола и даде 19 асистенции, а во исто време освои четири титули во ХНЛ, два Купа и два Суперкупа.
Мишиќ, кој ја делеше соблекувалната со Ристовски во Ријека и Спортинг Лисабон, сподели топли и искрени зборови:
„Брате, игравме заедно на 216 натпревари! Заедно трчавме, паѓавме и се креваме, боревме се рамо до рамо. Тоа не е само бројка, тоа е доверба, пријателство и посветеност. Ти благодарам за секој пас, секој совет и секоја насмевка во соблекувалната. Сигурен сум дека ќе се сретнеме повторно – можеби не на теренот, но секогаш како сојузници.“
„Три клуба, безброј спомени. Тешко е да се изрази колку ми значеше како соиграч и како човек. Преку сите тие години и битки, покажа што значи лојалност, срце и братство. Благодарам за секој момент – од првата асистенција до последната битка. Заминуваш, но твојата трага ќе остане.“
Ристовски сѐ уште не го откри својот следен клуб, но со неговото заминување се затвора една важно поглавје во историјата на Динамо Загреб. Покрај него, клубот речиси сигурно ќе го напушти и Аријан Адеми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
