
Килијан Мбапе најави дека следното лето ќе го напушти ПСЖ и со тоа го доведе францускиот клуб во тешка ситуација. ПСЖ потоа реши да го продаде Мбапе ова лето за да не замине како слободен агент следната година.
Проблемот е што Мбапе не сака да оди никаде и под никакви услови. Тој планира кариерата да ја продолжи во Реал, а „Марка“ пишува дека побарал од ПСЖ да му исплати 150 милиони евра за да го напушти клубот. Толку би заработил до крајот на договорот со ПСЖ.
Мбапе веќе има договор дека Реал ќе му плати околу 100 милиони евра доколку пристигне како слободен играч. Меѓутоа, доколку Реал ова лето мора да го купи и да му плати обештетување на ПСЖ, тогаш Мбапе ќе остане без тие пари и бара од ПСЖ да го обесштети.
Трите страни моментно се во преговори, а упатените јавуваат дека најголема шанса е Мбапе да остане во ПСЖ, да заработи 150 милиони евра до крајот на сезоната, а потоа да потпише за Реал со бонус од околу 100 милиони евра и годишна плата од околу 30 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
