
Најмалку две лица се убиени во смртоносна престрелка во Окленд, Нов Зеланд, само неколку часа пред почетокот на Светското првенство за жени. Денеска, на стадион „Еден Парк“, Нов Зеланд игра со Норвешка.
Полицијата соопшти дека има и најмалку шест повредени со различен степен на повреди.
Потврдено е дека напаѓачот бил ликвидиран од властите.
🚨#BREAKING: At least 6 people injured after shooting in #Auckland, New Zealand
— World Source News 24/7 (@Worldsource24) July 19, 2023
„Известени сме дека ова е изолиран инцидент и не е поврзан со фудбалските настани во градот и со отворањето на Светското првенство, што ќе се одржи денеска според предвидената програма“, соопшти ФИФА.
Светското првенство за жени ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд од 20 јули до 20 август. Пукањето се случило во близина на хотелот во кој е сместена норвешката репрезентација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
