
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, сака неговиот тим да се засили во нападот, а еден од потенцијалните трансферни цели е Антоан Семењо од Борнмут.
25-годишниот гански репрезентативец е во одлична форма од почетокот на сезоната, со постигнати шест голови и три асистенции на 21 натпревар во сите натпреварувања.
Изданијата на Семењо го воодушевуваат Арне Слот, поради што тој го стави на врвот на листата на потенцијални засилувања за Ливерпул.
Интерес за Семењо покажува и Њукасл, што значи дека Борнмут најверојатно ќе бара многу повеќе од моменталната пазарна вредност на играчот, која изнесува 29 милиони евра.
Договорот на Семењо со Борнмут трае до летото 2029 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal