
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изрази незадоволство по ремито 2-2 против Астон Вила, сметајќи дека неговиот тим заслужил победа поради бројните создадени шанси. Овој нерешен резултат може да му овозможи на Арсенал да ја намали предноста на Ливерпул на врвот, доколку го добие својот натпревар против Вест Хем закажан за викендов.
„Единствената причина поради која сум задоволен од ова реми 2-2 е што противникот ја имаше последната голема шанса на натпреварот. Тоа веројатно беше нивниот трет удар кон голот, откако постигнаа два гола. Тоа е единствената причина да кажам дека бодот е добар за нас. Од сè друго, не можам да бидам задоволен. Не бев задоволен ниту што губевме со 1-2 на полувремето, бидејќи тој резултат не ги одразуваше случувањата на теренот“, изјави Слот.
„Гостувањата кај Вила секогаш се тешки. Но, од аспект на нашата игра, немам забелешки. Она што не треба да се случува, а се случува, е дека не го добиваме она што го заслужуваме. Ако ги погледнете сите шанси што ги создадовме и ги споредите со нивните, јасно е кој тим требаше да победи. Ова не треба да ни стане навика. Во последно време се случува премногу често. Но, во моментов имаме осум бодови предност пред Арсенал, кој има еден натпревар помалку. Секој натпревар има своја приказна. Против Евертон не бевме брилијантни, но сепак имавме несреќа да освоиме само бод. Сега, пак, нашата игра ми се допадна, исто како и против Вулверхемптон“, додаде холандскиот стратег.
Вреди да се напомене дека Слот доби суспензија од два натпревари поради инцидент во дербито против Евертон, што значи дека нема да биде на клупата за следните два натпревари на Ливерпул против Вулверхемптон и Астон Вила.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
