Connect with us

Слога Виница: Судиски лакрдии во Втората лига

Македонскиот второлигаш Слога Виница преку официјално соопштение се пожали за арбитражата на натпреварот против Саса во вонредното коло. Виничани го загубија натпреварот во Македонска Каменица со 1-0, а имаат поплаки на адреса на главниот судија Марјан Младеновски.

„Дали има некој слух во судиската комисија на ФФМ.

Ново коло и пак местење, тактизирање, напади на тренери,играчи и сл а пред се лакрдии од страна на судиите во ВМФЛ и тоа најмногу против одредени клубови кои се третирани како небитни на фудбалската мапа па од тука и прашањето на кого им сметаа тие клубови? Но, да почнеме од почеток и судијата Марјан Младеновски од Скопје кој највероватно е личност со одредени задачи, истиот тој уште во првото коло го оштети нашиот клуб со доделени пет жолти и еден црвен картон и тоа при резултат 3-0,а се со цел да ја ослабне нашата екипа во понатамошниот тек од првенството. Но, тоа и да го проголтаме не можеме да се помиреме со криминалот кој се случи во 19 коло во Македонска Каменица а во главна улога повторно истиот тој Марјан Младеновски судија кој го уништи нашиот клуб. Секој оној кој беше вчера на стадионот беше сведок на криминалните игри на фамозниот главен судија кој секој наш контакт со противничките играчи го свиреше исто така доделените жолти картони на наши играчи за минимални дуели, а при секој приговор од нашиот капитен да му враќа со жаргоните: „Замолчи да не те исфрлам“, „Ти си да играш, а не да зборуваш“ и слично, а притоа немајќи почит кон капитенската лента. Додека од друга страна не ги санкционираше испадите на домашните играчи и капитен кој во неколку наврати бурно реагираше а дури во еден случај удри и бокс на наш играч, или за тие моменти беше слеп или се правеше дека не ги видел. Ќе наведеме само одредени моменти кои ќе го одведеа натпреварот во друг правец еден од нив и најголем е моментот од 54 минута и недосудениот чист пенал за нашата екипа кој што ќе го видете во прилог, потоа во 84 минута при наша контра и тоа од три на четири истиот подигна непостоечки офсајд и тоа при наша шанса за гол за 0-1. Секој наш напад или шанса за гол беше под фаул или пак ќе ја преќинеше акцијата и слично, а да не ги занемариме и постојаните преќини на аут,корнер,гол аут и сл. Сè на сè огромен КРИМИНАЛ а за возврат сигурно е подигнат одреден финансиски подарок познавајќи го неговото минато како судија. Е сега нека се запрашат судиската комисија, а и челниците на ФФМ дали ќе имаме фудбал во нашата земја или да ги изораме сите игралиштата и да се префрлиме на агрокултура. Г-дин судија Марјан Младеновски ти срам за фудбалот, и си непожелен во Виница“.

Слога Виница сезонава се бори за опстанок, а токму Саса е еден од директните конкуренти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови