Македонскиот стратег Славчо Војнески се враќа на голема врата во турскиот клупски фудбал и треба да седне на клупата на прволигашот Денизли. Тој треба да биде наследникот на Роберт Просинечки кој поднесе оставка на функцијата откако тимот загуби од нисколигаш во Купот на Турција. Клубот и Војнески водат интензивни преговори за преземање на клупата на турскиот прволигаш.
Војнески последно работеше во словачкиот прволигаш Серед, а претходно како асистент и во неколку турски клубови. Поседува Про-лиценца и негова мисија ќе биде да го извлече Денизли од дното на табелата во турскиот шампионат.
По осум одиграни кола во турското првенство, Денизли има само пет бода, се наоѓа на претпоследната позиција и досега забележа пет порази.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski