Connect with us

Скопје ја сопна и Струга ТЛ, убедлив триумф на Шкупи во Прилеп

Струга Трим Лум заглави на „Автокоманда“ и одигра само 1-1 против ФК Скопје. Тоа го искористи Шкупи кој ја декласира Победа во Прилеп со 0-6.


Бесарт Ибраими во 15.минута донесе предност за Струга ТЛ, а Скопје израмни со голот со глава на Мусинга Муасо во 87.минута од дуелот.

Шкупи мина како казнена експедиција низ Прилеп и постигна шест гола.

Сандеј Адетунџи и Ренадо Цефас постигнаа по два гола, а во листата на стрелците се запишаа и Фреди Алварез и Мамаду Данфа.

Брегалница ја совлада Македонија ЃП во Штип со 2-1. Ѓорѓиев во 51.минута го отвори резултатот, а Иван Николов во 64.минута постигна втор погодок за триумф на штипјани.

Академија Пандев и Работнички ремизираа без голови, а „романтичарите“ имаа неколку одлични шанси за погодок. Рушевиќ и Мазари ја погодија рамката од противничкиот гол, но мрежите мируваа.

Во Кавадарци, Тиквеш и Силекс исто така одиграа без голови.

ПРВА ЛИГА, 26.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

СКОПЈЕ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-1

ПОБЕДА – ШКУПИ 0-6

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 0-0

ТИКВЕШ – СИЛЕКС 0-0

БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови