Connect with us

Скалони уште четири години ќе биде селектор на Аргентина

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони ќе остане на клупата на „гаучосите“ уште четири години. Со Скалони на кормилото, Аргентина е непоразена на последните 35 натпревари. Тој за одличните резултати беше награден со нов договор, според кој циклусот треба да го заврши на Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.


„Горд сум што можам да соопштам дека се договоривме со Лионел Скалони да остане селектор до крајот на мундијалскиот циклус во 2026 година“, изјави првиот човек на аргентинскиот фудбал, Клаудио Тапија.

На Светското првенство во Катар, Аргентина е во групата Ц со Саудиска Арабија, Мексико и со Полска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови