
Селекторот Лионел Скалони ќе остане на кормилото на репрезентацијата на Аргентина најмалку до претстојниот турнир на Копа Америка на лето, каде тимот ќе ја брани титулата, објавија локалните медиуми, цитирани од „Ројтерс“.
Веста беше објавена откако претседателот на аргентинската фудбалска централа Клаудио Тапија се сретна со Скалони за да разговараат за претстојните активности на националниот тим и турнеите во Кина и во САД.
„Лионел Скалони ќе остане на кормилото и ќе го води тимот на Копа Америка. Официјалната потврда се очекува за неколку дена“, информираше аргентинската телевизија „TyCSports“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
