
Виктор Осимен се претвори од играч вреден над 100 милиони до непосакуван од никого во топ првенствата на Европа. Трансферниот прозорец на Стариот континент заврши, или барем во државите кои можат да си го дозволат нигерискиот напаѓач.
Ако во наредните три дена Осимен не добие нова понуда од клуб од Саудиска Арабија, тогаш тој ќе стане персона нон грата во Наполи. Трансферниот експерт Фабрицио Романо информира дека токму тоа се перспективите за голгетерот на Серија „А“ за сезоната 2022/23.
Ако ништо не се случи од Саудиска Арабија во наредните три дена, Осимен ќе остане во Наполи, но нема да биде дел од првиот тим.
Ал-Ахли се пофали со Иван Тони Како што е познато, Ал-Ахли имаше договор и за Осимен, и за Ајван Тони, но на крајот го ангажираа Англичанецот. Тие не можеа да ги купат двајцата, бидејќи имаа место за само уште еден странец.
Така, Осимен е пред закана да не игра фудбал барем до јануарскиот трансферен прозорец, и покрај тоа што има највисока плата во Серија А.
Наполи го ангажираше Ромелу Лукаку од Челси, и очигледно раководството е цврсто решено да се ослободи од Нигериецот. И покрај желбата на 25-годишниот напаѓач да игра во некое од топ првенствата на Европа, ќе мора да се надева на арапски клуб за своја нова дестинација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди

Интернационалци
Арменд Алими по 20 години се врати во Башкими

Интернационалци
Никола Ѓоргев потпиша за португалскиот Фаренсе
