
Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити е вториот финалист во Лигата на шампионите. Тимот на Пеп Гвардиола закажа финален дуел со Интер во Истанбул откако го декласира актуелниот европски првак Реал Мадрид со 4-0 на „Итихад“. Тоа е своевидна одмазда за болната елиминација што ја претрпеа „граѓаните“ минатата сезона во истата фаза, кога Реал го освои трофејот во ЛШ.
Манчестер Сити покажа класа, доминираше уште од почетокот, а откако Тибо Куртоа двапати го спречи Халанд да донесе водство, не можеше да стори ништо при ударот на Бернардо Силва во 23. минута.
Реал Мадрид првпат „мрдна“ кога Тони Крос ја погоди гредата со шут од далечина, но потоа дојде уште една казна од Бернардо Силва во 37.минута, за 2-0.
Во второто полувреме, „кралевите“ се обидоа малку повеќе, но беа инфериорни, а Манчестер Сити постигна уште два гола. По нафрлувањето на Де Бруин, Едгар Милитао постигна автогол во 76.минута, а точка на фантастичниот меч за Сити стави Хулијан Алварез со погодокот во 91.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија

Млади репрезентации
Младите фудбалери сакаат прва радост: Ерменија гостува во Битола

Евро-фудбал
Овиедо го смени тренерот Вељко Пауновиќ
