Connect with us

Сити со луд пресврт го зеде скалпот на Тотенхем (ВИДЕО)

Манчестер Сити го победи Тотенхем со 4-2 со голем пресврт во второто полувреме кога ги постигна сите четири гола. Сега има пет бода негатива во однос на лидерот Арсенал и еден одигран меч повеќе.

Дејан Кулушевски во 44.минута и Емерсон Ројал во следната минута, го шокираа тимот на Пеп Гвардиола со два гола пред полувремето.

Но, Манчестер Сити е силен и го покажа тоа во вториот дел. Хулијан Алварез и Ерлинг Халанд израмнија за три минути (51. и 53.), а Ријад Махрез се погрижи за целосен пресврт во 63.минута.

Во 90.минута, Махрез го потврди триумфот со својот втор гол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови