Connect with us

Сити се повлече од трката за Деклан Рајс

Манчестер Сити се повлече од трката за потписот на Деклан Рајс, затоа што сака да го доведе и Јошко Гвардиол. Два огромни трансфери сепак би биле премногу и не би можел да биде испочитуван финансискиот фер-плеј, тврдат медиуми на Островот.


Оваа одлука Манчестер Сити ја донесе откако Арсенал синоќа достави понуда вредна 100 милиони фунти, плус уште 5 милиони во бонуси, за трансферот на Деклан Рајс.


Вест Хем не ја прифати понудата, но всушност ја чекаше реакцијата на Манчестер Сити. Сега ќе мора да се посвети на преговорите со Арсенал.


Гвардиола имаше желба да го доведе Деклан Рајс и да го засили средниот ред по заминувањето на Илкај Гундоган, но исто така сака да го ангажира и Јошко Гвардиол од Лајпциг како засилување за одбраната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови