
Португалскиот интернационалец Бернардо Силва најверојатно ќе остане на „Итихад“ и во новата сезона, со оглед дека англискиот првак Манчестер Сити побара огромна сума за негова продажба во Барселона. „Граѓаните“ се подготвени да го пуштат да се пресели на „Камп Ноу“, но само доколку добијат 100 милиони фунти.
Моментната финансиска ситуација во која се наоѓа Барселона сигурно не му дава за право на каталонскиот клуб да размислува за ангажман на Бернардо Силва.
Португалецот дојде на „Итихад“ од Монако во 2017 година за 70 милиони, евра плус дополнителни бонуси. Според најновиот развој на настаните, тој би можел да остане во Манчестер Сити до 2025 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
