Connect with us

Симоне Инзаги пред отказ, Дејан Станковиќ прв фаворит за клупата на Интер

Дејан Станковиќ, поранешниот стратег на Црвена Звезда, се најавува како нов тренер на Интер. Според „Тутоспорт“, раководството на „нероаѕурите“ веќе сериозно размислува за смена на Симоне Инзаги, со оглед дека Интер слабо ја стартуваше новата сезона.


Интер му дал ултиматум на Симоне Инзаги да победи на наредните три натпревари, против Торино и Удинезе во првенството и против Плзен во Лигата на шампионите. Доколку нема максимален ефект, Дејан Станковиќ би можел да пристигне на „Џузепе Меаца“.

Станковиќ досега во кариерата беше тренер само на Црвена Звезда со која освои три шампионски титули во Србија, но летово испадна во квалификациите за Лигата на шампионите и го напушти белградскиот тим.

Како фудбалер, Станковиќ остави длабока трага во Интер, за кој настапуваше од 2004 до 2013 година, беше миленик на навивачите и дел од легендарниот тим кој ја освои Лигата на шампионите во 2010 година под водство на Жозе Мурињо, заедно со Горан Пандев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови