
Симоне Инзаги ќе добива по 6,5 милиони евра нето по сезона според новиот договор како тренер на Интер, соопштуваат медиумите на Апенините.
Се очекува многу скоро 48-годишниот стручњак да го потпише новиот договор со шампионот на Италија до крајот на сезоната 2025/26. Првичните очекувања беа за период до 2026/27, но договорот е за пократок период.
Ако Инзаги повторно ги одведе „нероаѕурите“ до титулата во Серија А, за него е предвиден посебен бонус од два милиони евра.
Сегашниот договор на Симоне Инзаги со Интер истекува во јуни 2025 година. Тој е на чело на италијанскиот клуб од сезоната 2021-2022.
Инзаги ќе потпишува едногодишно продолжување на договорот на крајот на секоја сезона во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal