Италијанскиот калчолигаш Лацио ќе ја продолжи соработката со актуелниот тренер Симоне Инзаги и во наредните две сезони. Претседателот на клубот Клаудио Лотито му нуди на шефот на стручниот штаб нов договор до 2024 година и 2,5 милиони евра по сезона.
Финалниот состанок треба да се случи до крајот на оваа седмица, а Симоне Инзаги веќе се изјаснил позитивно околу останувањето на „Олимпико“ во Рим. Сега треба да се договорат останатите детали од соработката и да се направи план за засилувањата што ќе ги добие Лацио во летниот преоден рок.
„Лацијалите“ во последните десет кола од Серија А ќе се обидат да стигнат и до позиција која носи настап во Лигата на шампионите иако во моментот имаат четири бода заостанување зад четвртопласираниот Јувентус.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski