Атлетико Мадрид го доживеа својот петти пораз сезонава во Ла Лига, откако на гостувањето кај Лас Палмас загуби со минимални 1-0. Тимот на Диего Симеоне прими гол во самиот финиш од натпреварот, во 93. минута, со што загуби драгоцени бодови во трката за титулата.
По оваа неочекувана загуба, „јорганџиите“ остануваат на третото место со 63 освоени бодови, 10 помалку од лидерот Барселона и три зад Реал Мадрид, кој вечерва го пречекува Атлетик Билбао.
Тренерот Диего Симеоне беше видливо разочаран од настапот на својот тим.
„Доколку имавме некакви шанси да ја освоиме лигата, моравме да постигнеме совршени бројки. Ние тоа не го направивме. Првото полувреме беше сосема солидно, но не успеавме да поведеме. Второто полувреме започна добро, но не можевме да го направиме она што го замислувавме“, изјави Симеоне.
Атлетико сега се соочува со предизвик да ја задржи позицијата која носи учество во Лигата на шампионите, додека шансите за титула се сè помали.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













