
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, е подготвен за високиот пресинг на Селтик и се надева дека неговиот тим соодветно ќе одговори на вечерашниот дуел од Лигата на шампионите.
Двете екипи ремизираа 2-2 на „Селтик Парк“ во Глазгов минатиот месец и повторно ќе се сретнат вечерва на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид во натпревар од групата Е.
„Селтик игра фудбал кој навистина ми се допаѓа, па имам целосна почит кон противникот. Мислам дека ќе одиграат исто како што играа против Феенорд, Лацио и против нас. Тоа е нивниот стил и не очекувам ништо друго освен тие да излезат на ист начин. Противникот игра вистински висок пресинг и навистина не ни дадоа време за размислување. Мораме да се справиме со тоа. Знаеме дека нашиот противник одлично ги започнува натпреварите, па ќе се обидеме да се спротивставиме“, изјави Диего Симеоне на прес-конференцијата.
Атлетико е второпласиран на табелата во групата Е со пет бода, еден помалку од лидерот Феенорд. Селтик е последен со еден бод, а трет е Лацио со четири бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда

Интернационалци
Серафимов потпиша за Левски
