
Атлетико Мадрид е во голема резултатска криза откако синоќа го забележа четвртиот пораз во серија. Актуелниот шпански првак загуби од Гранада на гости со 2-1 и веќе има огромно заостанување зад лидерот Реал Мадрид на табелата.
На тренерот Диего Симеоне, кој веќе цела деценија е на кормилото на клубот, ова му се случува првпат. Тој вели дека тимот функционира добро на теренот, но дека нема среќа со реализација на шансите.
„Играме добро, но, сепак, резултатите не се според очекувањата. Создаваме шанси, но, сепак, не можеме да реализираме. Плаќаме многу голема цена за нашите промашувања“, вели тренер Диего Симеоне.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
