
Францускиот репрезентативец Антоан Гризман (31) се уште нема одиграно ниту едно цело полувреме за Атлетико Мадрид оваа сезона. Напаѓачот кој пред три години се пресели во Барселона за 120 милиони евра моментно е на позајмица во тимот на Диего Симеоне.
Гризман пред тој огромен трансфер беше ѕвезда на Атлетико Мадрид, еден од најдобрите играчи во светот, освојувач на Светското првенство и сериозен кандидат за освојување на „Златната топка“. Сепак, тој не се снајде најдобро во Барселона и минатата сезона беше испратен на позајмица во Атлетико за да се врати во форма.
Атлетико Мадрид платил 10 милиони евра за неговата позајмица, со посебна клаузула вклучена во договорот. Имено, како што пишува каталонски „Спорт“, Атлетико е должен да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра доколку одигра повеќе од 45 минути на повеќе од половина натпревари на кои може да се појави. Натпреварите во кои се опоравува од повреда или е суспендиран – не се бројат.
Позајмицата на Гризман трае уште една година, а минатата сезона беше голем фактор во тимот на Диего Симоне. Тој се појави на повеќе од половина од натпреварите со 45 минути или повеќе. Но, изгледа дека Атлетико сака да го намали тој просек оваа сезона за да не мора да го откупи.
Минатата сезона Гризман постигна осум гола и имаше седум асистенции, додека оваа сезона постигна еден гол на два натпревари, со ограничена минутажа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”
