
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, зборуваше по елиминацијата на неговиот тим од Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите.
„Не би зборувал за среќа. Претпочитам да зборувам за тоа колку сум горд на нашиот тим и како тие секогаш се борат. Ова ќе остане во историјата на целиот процес низ кој минува нашиот клуб“, изјави Симеоне.
Редок случај му помогна на Реал Мадрид да го елиминира Атлетико по изведување пенали. „Јорганџиите“ ја добија средбата во регуларното време со 1-0, а откако го загубија првиот натпревар пред една недела со 1-2, мечот отиде во две продолженија од по 15 минути.
„Ја контролиравме играта многу добро во текот на целиот натпревар, имавме шанси да го зголемиме резултатот, но ни недостасуваше прецизност во завршните потези. Противникот ја поседуваше топката, но не создаде вистински шанси за гол. Тие промашија пенал и мислам дека завршивме одлична работа“, додаде Симеоне.
По 120 минути игра, резултатот остана ист и натпреварот прејде во изведување пенали. Токму таму се случи најконтроверзната ситуација, откако Хулијан Алварез постигна гол, но истиот не беше признат затоа што при ударот од белата точка ја допре топката со двата стапала.
„Пеналите на тренинг не се исти како пеналите на натпреварите. Не ги гледав ударите на играчите. Се чини дека Хулијан Алварез ја допрел топката двапати кога ја шутнал, и ако судијата така проценил, тогаш нека биде така“, изјави Симеоне.
Ова беше четвртиот натпревар меѓу двата мадридски ривали оваа сезона, при што во првите два средби резултатот беше нерешен. До крајот на сезоната може да видиме и петти дуел, бидејќи и Атлетико и Реал стигнаа до полуфиналето во Купот на Кралот.
„Горд сум на нашиот тим. Мислам дека нашите навивачи уживаа во играта. Реал секогаш, или речиси секогаш, нѐ победува во Лигата на шампионите, но за нив е тешко, навистина тешко тоа да го остварат“, заклучи Симеоне.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кралевите после пенали го потопија Атлетико
