
Деветкраткиот по ред шампион на Серија А, Јувентус доживеа непријатен пораз на гостувањето на стадионот “Марк’Антонио Бентегоди” во Верона од 2-1. Ова е уште еден “кикс” на тимот на Масимилијано Алегри, кој остаба без победа на три последователни натпревари.
Синот на тренерот на Атлетико Мадрид, Џовани Симеоне постигна два гола во првите 14 минути од мечот. Тој прво ја искористи одбиената топка од Счешни, па без проблем ја упати кон празната мрежа на голманот на гостите. Само три минути подоцна, 26-годишниот напаѓач упати неверојатен шут од далечина за водство на “жолто-сините” од 2-0.
Инаку, од дебито на Аргентинецот во италијанската лига, тој има постигнато дури шест погодоци против “бјанконерите”, а со тоа тие му станаа омилената жртва. Подоцна, на десст минути до крајот од регуларното време, Вестон Мекени го постигна утешителниот гол за Јуве.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?
