Connect with us

Силуваната девојка ја опиша кобната вечер со Хакими

Мароканскиот интернационалец Ашраф Хакими се наоѓа во големи проблеми откако млада девојка го обвини дека ја силувал. На Хакими му е забрането да има контакт со младата жена која го тужела, но дозволено му е да ја напушти француската територија.


Откако обвиненијата за силување протекоа во јавноста, сопругата на Хакими, актерката Хиба Абук реши да се разведе од него. Тие имаат две деца.

Девојката опиша како поминала вечерта, во неделата на 26 февруари, кога ПСЖ играше против Олимпик Марсеј, но Хакими не можеше да настапи поради повреда.

Неговата сопруга била на патување во Дубаи со децата и тој ја имал куќата за себе.

Извесен период бил во контакт со девојката преку Инстаграм, а дури тој викенд првпат се виделе во живо. Мароканскиот репрезентативец испратил „убер“ да ја земе, кој ја однел во неговиот дом.

„Во неговиот дом работите излегоа од контрола. Ме бакна во уста, ми ја соблече облеката од градите, иако реков дека не сакам да го прави тоа. Ме допре за вагината, иако јас не сакав да го прави тоа“, се вели во сведочењето на жртвата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови