Connect with us

Силекс втор финалист во Купот на Македонија (ВИДЕО)

Силекс по повеќе од две децении повторно ќе игра во финалето на Купот на Македонија. Кратовскиот тим го совлада Струга Трим Лум со 0-1, со голот на Ристе Каракамишев во 81.минута. Тој одлично се снајде во шеснаесетникот по слободниот удар од левата страна и со удар со глава ја затресе мрежата на Струга ТЛ.

Силекс постигна гол и во првото полувреме преку Пепи Ѓоргиев, но не беше признат поради наводна офсајд позиција.

Силекс во финалето ќе ги одмери силите со Академија Пандев, која вчера оствари триумф (1-3) против Македонија ЃП во Ѓорче Петров. И во второто полуфинале, гостите славеа и изборија пласман во големото финале на најмасовното фудбалско натпреварување.

Ќе биде тоа четврто финале за Силекс, но прво по повеќе од две децении. Силекс има две титули во куп-натпреварувањето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови