
Македонскиот прволигаш Силекс загуби од Партизан со 3-0 на пријателскиот натпревар во Анталија. Тимот на Горан Симов имаше сили да одолее едно полувреме, но потоа Партизан постигна три гола.
Ѓорѓевиќ имаше убава шанса за Силекс да го доведе во водство во првиот дел, но не успеа. Јапонскиот интернационалец Асано беше кобен за кратовскиот тим. беше стрелец на два гола, демонстрирајќи брзина и прецизност против одбраната на Силекс во 63. и во 79.минута.
Во 85.минута, Даниел Божиновски се одлучи да дрибла надвор од шеснаесетникот, ја загуби топката од Марко Миловановиќ и тоа беше 3-0 за Партизан.
ПАРТИЗАН – СИЛЕКС 3-0 (0-0)
Партизан: Славковиќ, Остојиќ, Бањак, Миљковиќ, Брежанчиќ, Шчекиќ, Асано, Сума, Павловиќ, Л.Марковиќ, Бајбек. Уште играа: Петковиќ, Пуриќ, Миловановиќ, Влаховиќ.
Силекс: Божиновски, Тимовски, Драшковиќ, Благојевиќ, Карчески, Серафимовски, Штериев, Манасиевски, Ивановски, Ѓорѓиев, Ѓорѓевиќ. Уште играа: Серафимовски, Каракамишев, Тантуровски, Мустафов, Грозданоски, Галевски, Нешовски, Додевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal