Connect with us

Силекс триумфираше против ФК Скопје

Силекс го совлада ФК Скопје со 3-1 и стигна до десеттиот триумф оваа сезона во Првата фудбалска лига. Со тоа кратовци се опоравија од претходниот пораз дома од Брегалница.

Александар Катаниќ во деветтата минута донесе водство за Силекс, а израми Бујар Хајдари со голот во 53.минута.

Нападите на Силекс донесоа нова предност по погодокот на Марко Ѓорѓиевски во 74.минута. Напаѓачот уште еднаш се запиша во листата на стрелците и во судиското продолжение од мечот кога го посрави конечниот епилог, 3-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови