Силекс сака да го одбрани пехарот во Купот на Македонија и да освои втор трофеј оваа сезона. Веќе го кренаа кратовци во своите раце пехарот како победници во Втората лига Запад. Тимот на Горазд Михајлов се врати во елитата, а вечерва (18 часот) на Националната арена во Скопје ќе игра против Македонија ЃП во 29. финале на фудбалскиот Куп.
Силекс е бранител на трофејот, но има неверојатна шанса повторно да игра и во Европа, а тоа на клубот ќе му донесе и 450.000 евра од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.
„Ние сме бранители на титулата и единствен второлигаш кој има можност да го брани трофејот. Имаме голем респект за Македонија ЃП, тим кој до последното коло беше во игра преку Првата лига да избори излез во Европа. Ќе дадеме се од себе и нека победи подобриот“, изјави Горазд Михајлов, тренерот на Силекс.

Капитенот на кратовци, Даниел Божиновски, се надева дека тимот повторно може да се радува на трофејот.
„Приоритет ни беше влез во Прва лига и тоа успеавме да го остваривме. Но, сега сме на чекор до нов трофеј и ќе сториме се да го освоиме“, вели Божиновски.
Финалниот натпревар се игра на Националната Арена „Тодор Проески“ вечерва со почеток од 18 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













