
Струга Трим Лум, Македонија ЃП и Силекс се полуфиналисти во Купот на Македонија. Во Кратово, Силекс и Вардар одиграа 0-0 во регуларниот тек, а по пенал-серијата пласман во полуфиналето обезбеди Силекс.
Вардарци не реализираа дури три пенали. Глишиќ шутираше над голот, а Даниел Божиновски успеа да одбрани уште два пенали на „црвено-црните“ за конечни, 3-2.
Лидерот во шампионатот, составот на Струга Трим Лум, ја совлада Брегалница со 2-0 и обезбеди пласман во полуфиналето на Купот на Македонија. Малиќи во втората минута донесе водство за стружани, а пласманот го потврди Шабани со голот во 58.минута.
Македонија ЃП обезбеди нов пласман во полуфиналето откако ја победи Академија Пандев со 1-0. Адама Самаке беше стрелец на единствениот гол во 73.минута.
Големото дерби меѓу Шкупи и Шкендија беше предвреме прекинато, при резултат 0-1, откако публика влета во теренот и ги нападна гостинските фудбалери. Конечниот збор ќе го имаат органите на ФФМ, но јасно е дека Шкендија ќе биде четвртиот полуфиналист во Купот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
