Македонскиот претставник Силекс ја препушта фаворитската улога на Петрокуб, но се надева дека може да направи изненадување на вечерашниот реванш меч против молдавскиот тим во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Првиот дуел во Скопје заврши 1-1, а кратовци се надеваат дека можат да се надминат на вечерашниот дуел во Молдавија.
„Фаворитската улога му ја препуштаме на домаќинот, но Силекс покажа дека има квалитет на првиот меч и може да направи изненадување. Растоварени сме од било каков императив, но имаме желба да се претставиме во добро издание и да оствариме позитивен резултат. Подготвени сме за надигрување со Петрокуб“, вели Горазд Михајлов.
Петрокуб е огромен фаворит во обложувалниците, но, сепак, Силекс влегува максимално мотивиран за успех на денешниот реванш. Мечот меѓу Петрокуб и Силекс ќе се игра на стадионот Цимбру во Кишињев со почеток во 19 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













