Силекс го запиша првиот пораз во подготвителниот период за настапот во Европа, откако во пријателски натпревар загуби со 3-2 од косовскиот тим Малишева. Натпреварот беше дел од подготовките пред квалификациите за Конференциската лига.
Според информации од таборот на косовскиот клуб, Џемал Ибиши беше клучната фигура во натпреварот со два постигнати гола за Малишева. За Силекс головите ги постигнаа Мартин Мирчевски и Илија Донов.
Ова беше четврта контролна средба за избраниците на Александар Васоски и прв неуспех, откако на претходните три контролки ремизираа: двапати против Работнички (0-0 и 1-1) и еднаш против Дрита (2-2).
Силекс се подготвува за дуелот од првото квалификациско коло во Лигата на Конференции, каде што ќе се соочи со црногорскиот претставник Дечиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













