Connect with us

Силекс издржа против Петрокуб (1-1) на скопскиот пекол и со реми патува за Молдавија (ФОТО+ВИДЕО)

Македонскиот претставник во Конференциската лига на УЕФА, тимот на Силекс, ремизираше 1-1 против молдавскиот тим Петрокуб во првиот меч од воведното коло во новото европско натпреварување. Новиот тим на Силекс, кој се уште е во фаза на подготовки, издржа херојски на скопскиот пекол од 40 степени Целзиузови. Составот на Горазд Михајлов со реми патува на реваншот во Молдавија по седум дена.

Кристијан Додевски уште во петтата минута го доведе Силекс во водство по одличното проигрување на Бојан Рајков од десната страна. Мора да се напомене дека голманот Даниел Божиновски беше најдобриот играч кај кратовци, одбрани неколку зицери, но немаше сили да спаси и во последните мигови од првиот дел, кога Сергиу Платика го израмни резултатот.

Петрокуб имаше повеќе од играта во второто полувреме, но и Силекс можеше до победа ако Алексовски погодеше со удар со глава во 86.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови