
Второлигашот Силекс и Македонија ЃП ќе играат во финалето на Купот на Македонија на 20.мај. Двата тима славеа на денешните полуфинални натпревари во Битола и во Струга.
Македонскиот второлигаш Силекс ќе го брани пехарот во финалето на Купот на Македонија откако успеа да го елиминира Пелистер во полуфиналната пресметка славејќи со 0-1 на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Антонио Каланоски беше стрелец на победничкиот гол за кратовци постигнат во 36.минута од натпреварот.
Втор финалист е тимот на Македонија ЃП кој по изведување пенали ја елиминираше Струга ТЛ со 2-4. Во регуларниот тек немаше голови.
Немања Босанчиќ во првата серија не успеа да реализира за Струга ТЛ, ја погоди гредата. Голманот Стевковски го одбрани последниот пенал на Галевски.
Финалето на Купот на Македонија ќе се одигра на 20.мај на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Евро-фудбал
Мурињо го сака Чалханоглу во Фенербахче
