Силекс нема пораз на последните три натпревари, а Гостивар ќе сака да се рехабилитира од убедливиот пораз (1-4) на домашен терен од Македонија ЃП. Овие две екипи денеска (15 часот) во Кратово го отвораат 26. коло во Првата фудбалска лига.
Не се оптоварени со грижите за опстанок, иако гостиварци и не можат да си дозволат нови порази затоа што тоа би можело да одведе кон опасната зона.
Фудбалерите на Силекс во последниот период заиграа многу подобро, веројатно откако се навикнаа на тактичките замисли на својот нов тренер Александар Васоски.
Останатите натпревари од 26.коло во Првата лига се закажани за утре, а се среќаваат: Тиквеш – Брера, Македонија ЃП – Шкендија, Воска Спорт – Работнички, Брегалница – Шкупи, Вардар – Струга Трим Лум.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski