Шведскиот судија Андреас Екберг ќе го суди дебитанскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија против Австрија на ЕВРО, на 13 јуни. Тој ќе биде главен делител на правдата, а ќе му помагаат сонародницте Мехмет Калум и Штефан Халберг.
Екберг важи за авторитетен судија кој воопшто не дозволува коментари од фудбалерите на теренот. Тој е со знакот на ФИФА од 2013 година, а по професија е полициски службеник.
Четврти судија на натпреварот е Риусинот Сергеј Карашев од Русија, а со ВАР системот ќе раководи Германецот Бастијан Данкерт.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement