Connect with us

Швајцарците одат на СП, Италија со Македонија во бараж…Десетка на Англичаните (ВИДЕО)

Европскиот првак Италија доживеа шок во Белфаст, не успеа да победи (0-0) и ќе игра во баражот за пласман на Светското првенство. Таму е и Македонија. На мундијалот патуваат Швајцарците кои со 4-0 ја совладаа Бугарија и го освоија првото место во групата.

Окафор, Варгас, Итен и Фројлер беа стрелци на головите за Швајцарија, сите постигнати во второто полувреме.

Италија беше комплетно немоќна да го разбие бункерот на Северна Ирска, а на крајот домаќините ја имаа најубавата шанса за погодок, спаси Бонучи на самата гол – линија.

Англија немаше милост за Сан Марино и славеше со 0-10. Хари Кејн даде четири гола, Фабри постигна автогол, а стрелаа и Мегваер, Смит Роу, Мингс, Абрахам и Сака.

Австрија ја победи Молдавија со 4-1, Албанија минимално со 1-0 славеше против Андора, а Шкотска и го нанесе првиот пораз (2-0) на Данска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови