Штутгарт ја одреди цената за евентуалната продажба на Дарко Чурлинов. „Швабите“ бараат 5 милиони евра отштета за македонскиот репрезентативец кој има договор до јуни 2024 година.
Барнли, тимот од Чемпионшип, појави интерес за него, а сега Штутгарт бара 2 милиони повеќе од почетокот на сезоната, кога Шалке 04 ја одби можноста да го купи за сума од 3 милиони евра.
Чурлинов лани играше како позајмен играч во Шалке 04, а летово се врати во Штутгарт со кој има договор до 2024 година и го постигна првиот гол за клубот во новата сезона, за победата (0:1) против Динамо Дрезден во Купот на Германија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski