Остануваат уште три и пол часа до затворањето на летниот преоден рок во Шпанија. Реал Мадрид и Килијан Мбапе се чини дека е завршена приказна за ова лето, но „кралевите“ го регистрираа Едуардо Камавинга во Реал Мадрид Кастилја и оставија место за уште едно засилување. Шпекулациите се дека гигантот од „Сантијаго Бернабеу“ ќе тргне со сите сили по Ерлинг Халанд до крајот на вечерта. Прашање е дали ќе успее во тоа, но Флорентино Перез одлучил да ги има и Халанд и Мбапе во Реал Мадрид.
Интересно е и во преговорите меѓу Барселона и Атлетико Мадрид. Тие подготвуваат размена. Антоан Гризман да се врати во Атлетико Мадрид, а Жоао Феликс да замине на „Камп Ноу“. Ќе биде интересно до последен момент…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













