
Македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски живеат тешки мигови во италијанскиот второлигаш Палермо. На клубот му се заканува прогласување банкрот, доколку во наредните шест дена не усшее да исплати личен доход за фудбалерите. Палермо ги нема подмирени финансиските обврски кон фудбалерите и стручниот штаб за ноември и за декември, а доколку до 15.февруари не биде исплатена барем една плата, медиумите на Апенините информираат дека клубот ќе мора да прогласи банкрот.
Долгогодишниот сопственик Маурицио Ѕампарини е во куќен притвор поради обвинениа за сметководствени измами и перење пари, а извршниот директор Емануеле Фачиче водеше разговори со лолалниот бизнисмен Рафаело Фолиери за преземање на клубот. Но, според „Ла Република“, преговорите се прекинати. Единствена шанса за спас на Палермо е во овој инвеститор, но времето е се покусо.
Тимот на Палермо сепак има одлични резултати во Серија Б. По 21 коло, Палермо е на втората позиција на табелата со 38 бода, само еден помалку од лидерот Бреша.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski