Connect with us

Шпанците без Сарабија во полуфиналето против Италија

Фудбалерот на ПСЖ, Пабло Сарабија, кој игра одлично на ЕВРО, најверојатно нема да може да игра за селекцијата на Шпанија во полуфиналето против Италија закажано за вторник, на „Вембли“, објавија италијанските медиуми.


Отсуството на Сарабија би бил голем удар за шпанскиот селектор Луис Енрике. Сарабија постигна два гола и забележа две асистенции во досегашниот тек од Европското првенство. Тој постигна еден гол во победата од 5-0 против Словачка во групната фаза од натпреварувањето, а другиот против Хрватска во осминафиналето кога израмни на 1-1.

Сарабија се повреди на четвртфиналниот натпревар против Швајцарија и го одигра само првото полувреме.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови