Обвинителството за економски криминал во Шпанија отвори истрага против Барселона и Валенсија, пренесува „Мундо Депортиво“.
Причината се можните лажни сметководствени активности на двата клуба во зделката за размена на голманите Јаспер Силесен и Нето Мурара во 2019 година.
Шпанското обвинителство постапи по жалбата на поранешниот потпретседател на Валенсија, Мигел Зорио, кој пријавил до даночните власти дека овие суми биле лажно надуени за да се подобрат билансите на двата клуба. Во 2019 година, Нето се пресели од Валенсија во Барселона за 26 милиони евра, а Силесен отиде во спротивна насока за вкупно 35 милиони евра.
Ова е една од финансиските операции што поранешниот потпретседател на Валенсија ги вклучи во својата тужба во јануари минатата година и за која обвинителството сега одлучи да покрене предистражна постапка.
Ова наводно „билдање“ на трансферните суми претставува слична пракса на онаа со која на Јувентус привремено му беа одземени бодовите оваа сезона. Клучниот детаљ ќе зависи од тоа дали Зорио и даночниот службеник имаат докази дека двата клуба намерно ги зголемиле сумите.
Овие обвинувања доаѓаат како дел од кампањата што Зорио ја води веќе некое време за да се обиде да го собори сингапурскиот сопственик на Валенсија, Питер Лим.
Извештајот на поранешниот потпретседател на „лилјаците“ зборува за можни корпоративни криминали, лажно сметководство, нелојална конкуренција, корупција меѓу приватни лица и корупција против јавните финансии.
Покрај Лим, Зорио ги именува актуелниот претседател на Валенсија, Леихун Чан, поранешниот претседател на клубот Амадео Салво и суперагентот Жорге Мендеш како вмешани во неговите тужби.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













