Истрагата за смртта на легендарниот фудбалер Диего Марадона влезе во решавачка фаза, а се појавија и документи кои потврдуваат дека тој и неговото семејство не ги почитувале препораките на лекарите откако беше отпуштен од клиниката каде му беше опериран хематом на мозокот.
Во отпусната листа од клиниката е наведено дека Марадона во домот каде ќе го продолжи лекувањето мора да има уреди за мониторинг на состојбата, поддршка на дишењето и специфично хранење, а тоа не било обезбедено во вилата во Тигре каде што и почина на 25 ноември 2020 година.
Документот од клиниката е изготвен и потпишан во присуство на ќерките на Марадона, лекарот Леополде Луке, психијатарот Леополд Агустин Косачов, директорот на клиниката д-р Пабло Димитроф и главниот лекар на интензивното одделение, Фернандо Виларехо.
Истрагата најверојатно ќе покаже дека виновник за смртта на Марадона е оној што решил легендарниот фудбалер да се лекува во средина која не е доволно медицински опремена за тоа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













