По две и пол години „надвор од дома“, Барселона конечно се враќа во својот обновен дом – „Спотифај Камп Ноу“. Долгоочекуваниот настан ќе се одржи идната сабота на натпреварот против Атлетик Билбао (16:15 часот). Сепак, за фановите на Барса пристигна и една непријатна вест: високите цени на билетите.
Вредноста на билетите за овој специјален дуел предизвика вистински шок кај навивачите. Најевтиниот влез, за места зад головите или во аглите на стадионот, ќе чини цели 199 евра.
Цените постепено се зголемуваат и достигнуваат до 589 евра за билет на централната трибина на првиот кат. Важно е да се нагласи дека тоа не се ВИП билети.
Цените во премиум категоријата, кои обезбедуваат пристап до ложите, одат и до 1000 евра.
Клупските членови ќе можат да искористат 20% попуст од објавените цени. Во меѓувреме, клубот работи и на организацијата за сезонските билети. Околу 23.000 сопственици на карти од периодот на „Монжуик“ ќе добијат преференцијални и пониски цени.
Инаку, засега останува нејасно дали тимот на Ханси Флик ќе може да ги игра таму и своите натпревари од Лигата на шампионите, бидејќи раководството продолжува со преговори со УЕФА за овој прашање.
Следното домаќинско соочување на Барса во ЛШ е на 9 декември против Ајнтрахт Франкфурт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













