
Шкендија шокантно е елиминирана од претставникот на Велс, тимот на Хаверфордвест, по изведување пенали (3-2), откако претходно прими гол во 89.минута и загуби со 1-0 во регуларниот тек, идентично како што заврши и првиот меч во Скопје.
Три пенали не успеаја да реализираат фудбалерите на Шкендија. Од белата точка не беа успешни Чинари, Адили и Рамадани, а велшкиот тим погоди еден пенал повеќе и заслужи пласман во второто квалификациско коло од Конференциската лига.
Шкендија не беше убедлива, а како што се доближуваше крајот на мечот, Хаверфордвест тргна на сѐ или ништо. При една таква акција, Ли Џенкинс го постигна единствениот гол за домаќинот во 89.минута од дуелот.
Мечот влезе во продолженија, а потоа се изведуваа пенали и на крајот славеше домаќинот Хаверфордвест.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
